Денеска и утре по шестчасовен прекин на струја во повеќе места низ Македонија

|

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрично напојување во периодот од 9 до 15 часот, ќе останат селата Ехловец и Иванчишта, Кичевско.

Од ЕВН информираат дека нивни екипи работат на терен, што е причина за прекин во снабдувањето со елекетрична струја.

Утре, 23 ноември, во периодот од 9 до 15 часот без електрично напојување ќе останат селата Грешница,Лешница, предавател на А1 во Забел,Зајас, поради зафати во електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН.