Денеска маршраме до Рамстор Мол заедно со Ивце Пивце – Многу изненадувања, подароци и ваучери за сите деца во Рамстор Мол

ИЗВОРСкопје24
|

Денеска во 17 часот на плоштад Македонија ве чека Ивце Пивце со своите пријатели, жонглери, магионичари, пантомимичари, дечињата од Брејк а лег заедно да марширате преку улица Македонија до Рамстор Мол каде ќе ве чекаат многу изненадувања по повод започнувањето на новата училишна година.

“Конечно школооо. Повик до сите дечиња, првачиња, вторачиња и што и да сте. Дојдете во 17 часот на плоштад Македонија пред фонтаната заедно да маршираме до Рамстор Мол, каде за најуспешните во мојoт квиз ќе доделиме подароци. ”

Забавата продолжува во 18 часот во Рамстор Мол каде што ќе ве чекаат голем број на изненадувања, а за првите 100 деца ќе доделиме и вредносни ваучери.

Се гледаме сите заедно за еден поубав почеток на новата учебна година!