Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По см ртта на царот Хелиогабал, во Рим царуваше царот Александар, чија мајка Мамеја беше христијанка.
Самиот цар беше колеблив и неодлучен во верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуа на Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните и без царска наредба.
Кога ја изведоа девицата Татјана на ма чење, таа Му се молеше на Бога за своите мач ители. И ете, ним им се отворија очите и видоа околу маче ничката четири ангели. Кога го видоа тоа, осуммина од нив поверуваа во Христа, заради што и самите беа маче ни и уб иени.
Светата Татјана продолжија да ја ма чат: ја би еја, ѝ отсе куваа месо, ја стр ужеа со железо и целата накажана и ран ета ја фрлија вечерта во затворот за утредента повторно да ја стават на ма ки. Но, Бог ги испрати Своите ангели во затворот за да ја охрабрат и да ѝ ги исцелат раните, па Татјана изутрината се јави пред мачи телите наполно здрава.
Ја фрлија пред лав, но лавот се умилкуваше околу неа и воопшто не ѝ нашт ети. Ѝ ја отсекоа косата, мислејќи според нивниот незнабожечки ум, дека во косата ѝ е скриена некоја магија или волшебна сила.
Најпосле ја изведоа заедно со татко ѝ и обајцата ги уб ија со ме ч. Така во 225 година го заврши животот оваа славна девица со тело на жена, а со мажествен дух.