Денеска се слави Свети Лав, од една работа треба да се пазите денес

ИЗВОРСкопје24
|

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 февруари. Денеска се празнува Св. Лав Катански.

Свети Лав живеел во деветтиот и десеттиот век. Родум бил италијанец од Равена. Родителите му биле видни и побожни луѓе и во младоста му овозможиле да стекне добро образование. Свети Лав многу се подвизувал во милостињата. Како епископ на сицилискиот град Катана се грижел за сите бедни, бездомници, сираци. Заради неговите големи добродетели Бог му дал дар да чудотвори. Псалм 50, најмоќниот запис во Библијата: Сите нечисти сили треперат од него!

Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана, под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните.

Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младината во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшепствува.

Светиот Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде нареди да се запали голем оган и кога огнот се разгоре, влезе самиот во него и го вовлече внатре и Илиодор. Илиодор сиот изгоре, а свети Лав остана недопрен од огнот. Од ова сите што беа заведени од Илиодор и гледаа во него божество се засрамија. А милосрдниот и ревносен Лав се прочу по целото царство како голем чудотворец, којшто со своите пресветли чуда им помага на луѓето.

По неговото заминување од овој свет од неговите мошти потече исцелително миро, се упокои во 8 век.

Свети Лав е особено почитуван на Сицилија, каде што го поминал поголемиот дел од својот живот и каде сè уште е заштитник на градовите Синагра, Линдја и Ромете. Го слават и католичките и православните цркви.

Меѓу народнот, денешниот светец е почитуван затоа што внесува здравје и среќа во секој дом на верниците и, како што ги чистел неверниците со оган, со пламен ги одземал сите неволји, болести и несреќи. Затоа верувањето е дека од огнот треба да се пазите особено на овој ден.

Извор: Женски магазин