Денеска внимавајте каде паркирате и одложувате кабаст отпад- ќе има засилени инспекциски контроли

ИЗВОРСкопје24
|

Поучени од негативните искуства од минатите години за време на блек фрајдеј со голем број негативни примери за неправилно одложување на отпадот и непрописно паркирање, Град Скопје денес (29.11.2019, петок) ќе ги засили инспекциските контроли околу шопинг центрите во Скопје, стои во соопштението.

Градските инспектори за патен сообраќај ќе вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, а комуналните инспектори ќе вршат засилени контроли во однос на неправилното одложување на отпадот. Согласно со правилата за третман на отпадот, амбалажата за пакување на големите производи (особено за бела техника) се третира за кабаст отпад и не треба да да се одлага во садовите за отпад, што беше честа појава изминатите години околку трговски центри за време на овие попусти.

Град Скопје ги потсетува потрошувачите за можноста овој вид на отпад да се одложи во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок. Воедно, апелираме до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Центар за селекција на отпад Вардариште – локација:

https://www.google.com/maps/@41.9895971,21.4887708,128m/data=!3m1!1e3?fbclid=IwAR0u9lKqDKJjt7PMve1f8NQ59SNNIQLrCMYhi7zattW9zgZci21fn2d1_kU

Центар за селекција на отпад Карпош – локација:

https://www.google.com/maps/place/Reciklazhen+Dvor+Karposh/@42.0087859,21.3994899,408m/data=!3m2!1e3!4b1!4m5!3m4!1s0x135415bb1074b897:0x9eb79215fb9c4175!8m2!3d42.0087859!4d21.4001618