Деновите на Елена Ристеска не изгледаат како во карантин кога е таа во нејзино друштво

|

Помина повеќе од еден месец како во Македонија е вонредна состојба и најголемиот дел од времето го поминуваме дома, во изолација, меѓу четири ѕида. Македонските јавни личности досега беа креативни, па времето во изолација го поминуваат на разни начини, односно со разни интересни предизвици, некои се покажаа како добри домаќинки, други се вклучуваа во живо на „Инстаграм“ од своите домови, трети се снимаат за Тик Ток…

Македонската пејачка Елена Ристеска пред да започне вонредната состојба се врати од Мајами, а како што истакна тогаш додека била во авион и носела маска многумина и се смееле. Таа често преку социјалните мрежи апелира да се остане дома и да се почитуваат мерките за заштита. Меѓутоа, Елена и во домашни услови не престанува да тренира и да ја одржува својата кондиција.

Во изминатиот месец додека сме дома, постојат драги пријатели, роднини, драги луѓе кои не сме ги виделе, а Елена за овие денови во карантин го има најдоброто друштво односно нејзината внука Делфина за која вели дека нејзините денови не изгледаат како во карантин кога е покрај внуката.

„Јас не се чувствувам како во карантин со мојата внука Делфина“ напиша пејачката во описот на фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи.