Детали за кражбата во која учествуваше Романа: Еве како ја смислиле и колку пари пронашле во нејзината чанта за време на апсењето

ИЗВОРСкопје24
|

Полека пристигаат и деталите од апсењето на пејачката Романа, која е обвинета за кражба на банкомати во Австралија заедно со своето момче Филип. Таа доби една година затвор додека Филип година ипол.

Во официјалниот документ кој го пренесува курир.рс стојат детали од сослушувањето на популарната пејачка и нејзиното момче. Во судскиот извештај се наведува дека во моментот на апсењето во чантата на Романа биле пронајдени 5000 долари. Во тој момент таа изјавила дека не знае за што се работи и дека парите ги добила од Филип. Меѓутоа, надлежните органи сфатиле дека станува збор за лажна изјава. Имено, нејзиниот телефон бил долго време сослушуван, а полиција и пронашла преписки на Романа и жената од која го набавила уредот за банкоматите.

Таа жена била сослушена и потврдила дека Романа и Филип биле кај неа да го земат уредот. Таа признала дека нарачала уред за читање на картички бидејќи знаела дека Романа е позната пејачка во Србија, па можеби сака да направи концерт во Австралија и да ги наплатува картите преку тој уред. Во извештајот пишува дека Романа и Филип во Австралија влегле на 8 февруари, а визата им истекла на 8 јуни. Тие пристигнале во Бризбејн преку Мелбурн. Како се наведува, имале туристичка виза бидејќи сакале да патуваат по Австралија. Тие бргу останеле без пари, па се поврзале со луѓе од Источна Европа и почнале да ограбуваат банкомати, пренесува курир.рс

Посебено е нагласено дека уредот кој го користеле бил софистициран и дека неколку недели никој не забележал дека е инсталиран. Романа и Филип се жалиле дека им се превисоки казните, но тоа не влијаело на судската одлука.