Детали за пожарот во Чаир (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Голем пожар избувнал доцна попладнево во близина на Т.Ц. Чаирчанка. Според информациите од МВР во пожарот зафатени се четири објекти, но нема повредени лица. Пожарот избувнал во 17 часот и зафатил два дуќани, сервис за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница.

На лице место интервенираат 8 возила на Противпожарната служба. Од Пожарна Скопје велат дека се запалила работилница.

-Интервенција на Цветан Димов Чаир. Дојава за запалена работилница поради згуснати куќи дуќани и згради опасноста беше голема, а брзата интервенција на БППЗ- Скопје спречи поголема катастрофа. Благодарност и до Доброволно друштво Бајрам Мифтари од Чаир, информираат од Пожарна Скопје.

Од МВР информираат дека истрагата ќе треба да утврди која била причината за пожарот.

Извор/Фото: Курир.