ДЕТАЛИ ЗА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА ЗА ПОНАТАМУ – СЕ ОЧЕКУВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДЕТАЛИ

ИЗВОРСкопје24
|

Денес времето во државава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Потоа во следните денови ќе се задржи претежно стабилно и суво време, утре ќе дува умерен до засилен северен ветер особено Долж Повардарието и на исток, додека во северните и источните предели ќе има локален дожд а на највисоките планински места услови за провејување на снег. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука