ДЕТАЛИ ЗА ВРЕМЕТО ОКОЛУ ТОА КОГА ЌЕ СЕ СТАБИЛИЗИРА И КОГА ЌЕ ПРЕСТАНАТ ВРНЕЖИТЕ

ИЗВОРСкопје24
|

Во текот на денешниот ден како што и беше најавено нашата територија беше под влијание на циклонска активност која во најголем дел услови врнежи од дожд. Локално беше и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи а дуваше и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите поради продорот на значително постуден воздух значително опаднаа.

Во текот на утрешниот ден времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност, во крајните западни предели ќе има услови за слаб локален дожд и тоа особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, повремено со умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 23 степени.

Потоа се до вторник времето кај нас ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец, минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26, 27 степени.

НАПОМЕНА: Значително постудено утро ќе биде утрешното кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени, па затоа доколку излегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да си понесете ПОТОПЛА облека.

Постабилно време се очекува од среда, околу ова понатаму ќе следува нова детална анализа на времето.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука