ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Славчо Попоски информира до кога би можеле на плажа

ИЗВОРСкопје24
|

Се до среда нашата територија ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ која ќе условува натпросечно високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот претежно од 29 до 36 степени а времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево додека само утре ќе има појава на умерена облачност.

Ваквата ситуација ќе услови и понатаму времето да биде идеално за освежување на граѓаните во реките и во езерата низ државава што значи летното време и понатаму ќе продолжи. Под влијание на посвежа воздушна маса од север пад на температурите на воздухот ќе имаме веќе од среда, истите се очекува да опаднат за 5 до 9 степени а сите ова ќе биде проследено и со северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува на интензитет.

До среда како кај нас така и целиот регион температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината додека пак од среда па натаму истите ќе бидат околу нормалните односно истите ќе бидат типични за овој дел од годината.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ