Дете на 4 годишна возраст ја знае азбуката на 3 јазици – стана член на Менса

ИЗВОРСкопје24
|

Ајзак Милер има 4 години, а веќе знае да ги наброи сите 50 американски сојузни држави и азбуката на 3 јазици. Тој сам ја научил азбуката на грчки и арапски јазик гледајќи Јутјуб видеа.

Кога го воочиле неговиот потенцијал, родителите одлучиле да дознаат кој е неговиот коефициент на интелигенција. Резултатот вели 154, што му овозможило да стане член на Менса.

“Ги сака странските јазици и веќе бара од нас книги на руски јазик. Останав шокирана кога еден ден почна да чита. Бевме често надвор и започна да ги чита знаците на автобусите и подземната железница, имињата на станиците и упатствата. Луѓето околу нас нè гледаа зачудено и прашуваа дали оди на училиште. Секој пат кога ќе излеземе, некој му дава комплимент”, вели неговата мајка Мишел Нелсон.

Ајзак знае да брои до 10 на шпански јазик, а Мишел додава дека тој сè впива како сунѓер. За роденден посакал да добие телескоп, а има и одлична смисла за хумор.

Најмладиот член на Менса е дете кое во период на приклучувањето на организацијата имало 2 години и 4 месеци, но и остварувањето на Ајзак е импресивно.