Девет оџаци и една куќа се запалиле од силниот ветер синоќа во Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Како што се најавуваше со денови, вчера Скопје го зафати големо невреме. Девет оџаци и една куќа синоќа се запалиле во главниот град од силниот ветер што дуваше со 70 километри на час. Од Бригата за противпожарна заштита велат дека станува збор за неисчистени оџаци, па затоа дошло до пожарот.

„Бидејќи оџаците биле неисчистени ветерот го враќал чадот кој излегува од нив, при што во такви ситуации доаѓа до пожар. Од пожар во оџакот се запали и една куќа. Апелираме до граѓаните пред почеток на зимската сезона да ги чистат оџаците за што Град Скопје доделува субвенции од 1.200 денари, вели командантот на Пожарната Владимир Симоновски.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека синоќа имале пријави зa 8 паднати дрвја и еден билборд. На сите локации е интервенирано. Општина Ѓорче Петров соопшти дека силниот ветер го откорна покривот на основното училиште „Тихомир Милошевски“ во Ново Село.

Од силниот ветер синоќа без струја останаа и делови на Скопје.

Извор: Сакам да кажам