Девојче (11) ги имитира познатите и од тоа заработува! Ја следат 175.000 корисници кои не можат да престанат да ги гледаат неверојатните сцени!

ИЗВОРСкопје24
|

Девојчето Рајли, од Австралија, станало познато поради имитација на познатите. Нејзините 175.000 фанови едвај чекаат да ги видат нејзините нови изработки.

Малата Рајли (11) црпи инспирација од познатите личности – пејачи, актери, манекенки, ТВ личности… Таа го извлекува “најинтересниот момент“ и го доловува на свој начин. Рајли ја инспирираат изданијата од црвениот тепих, насловните страници на престижните магазини, но и детали од ревии на светски познатите модни куќи.

Неодамна ја имитирала ѕвездата од Боливуд, Депика Падуконе, а покрај оваа имитација духовито напишала: „Кога ќе ти речат дека изгледаш како ѓубре.“ Рајли инаку со смислата за хумор ги надополнува своите имитации, или можеби тоа успешно го прави некој “во позадина“, кој управува со целата приказна на „Рајли Дајари“. Но, талентот на малата Рајли е неспорен. Ѕвездите треба да бидат поласкани што Рајли ги имитира.

Сцените погледнете ги ОВДЕ.