Девојка од Финска ги освои срцата на Македонците: Преработката на „Јовано Јованке“ ќе ве наежи (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Прекрасна преработка на „Јовано Јованке“ на Вилма Талвити. Младата уметничка од Финска ги освои срцата на Македонците, а нејзината преработка ги запали социјалните мрежи.

Во изјава за Сител вели дека веднаш била привлечена од убавината на песната и македонскиот ритам.

-За време на етно-едукативните кампови имаше балкански свирки. Песните од тие подрачја често се свиреле. Сум ја чула „Јовано Јованке“ многу пати и некои други македонски песни и така се заинтересирав за песната. Ја сакам приказната и мелодијата, вели Талвити.

Појаснува дека на почетокот имала потешкотии со изговорот, но го усовршила со помош на слушање и вежбање на други изведби на песната. Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.