Девојка живее во 8 квадратни метри дом, нејзината организација е за пофалба

ИЗВОРСкопје24
|

Фелис Коен го пронашла најиновативниот начин за живот во Њујорк, а сигурни сме дека никогаш не сте виделе нешто слично на нејзиниот метод. Коен живее на Апер Вест во Њујорк и се наоѓа на само неколку чекори од најголемите атракции, како што е Централ парк и Линколн центар. Од ваквиот опис, веројатно претпоставувате дека таа плаќа многу висока цена за кирија. Сепак, таа плаќа само 700 долари месечно за нејзината соба. Да, тоа за нас е многу, но за Њујорк е многу евтино.

Сепак, Фелис морала да се откаже од некои работи… Таа живее во стан од само 8 квадратни метри! Тоа веројатно не е поголемо ни од вашата детска соба, но Коен некако успеала целиот свој живот да го стави во оваа супер мала соба.

Таа е професионален организатор така што овој начин на живот е сосема нормална работа за неа.

Погледнете: