Диетата на Лепа Брена: Поради еден лош коментар решила да намали 17 килограми

ИЗВОРСкопје24
|

Лепа Брена која денес на свои 60 години изгледа неверојатно, неодамна откри во минатото не изгледала така и дека за шест месеци намалила дури 17 килограми, и тоа само поради злобниот коментар на еден келнер, кој без трошка срам, кажал: „Мислев дека ќе ни дојде пејачка, а не трафостаница!“

Популарната пејачка не крие дека коментарот ја погодил „во срце“, и истакнува дека ѝ дал голем мотив да ослаби и да ја доведе линијата до совршенство.

„Наутро јадев по едно или две јајца. Гледав тоа да бидат органски јајца. За ручек обично некаква посна супа без маснотии. Во суштина тоа беше само вода во која се вареше зеленчук, неизбежно за ручек беше и месо, а сето тоа варено или печено, додека за вечера јадев риба со салата, или повторно посно месо“, раскажа неодамна пејачката за своето искуство и диетата што ја држела.

Тогаш Брена била млада и дозволувала ваквите коментари да и погодуваат, но воедно ја направиле и посилна, бидејќи како што сите знаеме таа денеска е една од најубавите пејачки на Балканот, и жена која секогаш внимава на својот изглед па поради тоа изгледа барем 15 години помлада.