ДИК со инструкции: Скенерите за отпечатоци да се чистат редовно, а граѓаните посилно да притискаат кога оставаат отпечаток

ИЗВОРСкопје24
|

ДИК даде инструкции до Избирачките одбори редовно да се чисти скенерот каде што се остава отпечаток од прст и гласачите посилно да притискаат кога го ставаат отпечатокот на скенер.

Поради проблеми со уредите за биометриска идентификација, на дел од гласачките места во земјава имаше прекин во гласањето, информираа од ДИК.

Оттаму изјавија дека проблемите се поврзани со управување со уредите и непрепознавање на отпечатоците на гласачите, а во дел од избирачките места имало и технички проблеми со самите уреди кои биле заменети со нови.

„Проблемите се надминуваат во тек, со комуникација со техничките лица кои се на терен. Во однос на лошиот квалитет на базата на отпечатоци, како последица, на избирачките места најчест проблем е непрепознавање на отпечатоците на граѓаните. Законски е предвидено дека во таков случај постапката продолжува со скенирање на личните документи во самиот скенер кој е во склоп на уредите за отпечатоци или со внесување на единствениот матичен број на гласачот““, зијави портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.

Гугучевска исто така изјави дека ДИК дала инструкции до Избирачките одбори, редовно да се чисти скенерот каде се става отпечаток од прст, а гласачите да притискаат повеќе кога го оставаат отпечатокот на скенерот.