Дилеми за четвртиот пакет мерки на владата за справување со економските последици од здравствената криза

ИЗВОРТелма
|

Парите од четвртиот сет на мерки нема да завршат во рацете на тие на кои им се најпотребни, лошата селекција ќе придонесе да ќарат и бизнисмени кои не се во толку лоша ситуација, предупредува поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.

Вели дека не е лесно да се врши селекција но не се сите сопственици на ресторани за свадби во иста финансиска ситуација. Вели и дека, презентацијата се користи за популизам и ширење на оптимизам без реална основа.

Хајредини укажува и дека, платежните картички за граѓаните не се од голема помош, особено не за тие кои секојдневно остануваат без работа.

Дел од помошта, вели, требаше да оди за родителите и децата кои не можат да си купат компјутер за онлајн настава. Од Сојузот на стопански комори се начелно задоволни од тоа што во пакетот на мерки се вметнати нивните барања, но очекуваат брза реализација на втората фаза. Бараат транспарентност и за искористеноста на претходните три пакети.

Од Сојузот бараат да нема високи критериуми и услови кои би превенирале користење на средствата.

Далиборка Дамјанска Цветановска