Димитар Андоновски ќе стане татко по втор пат: Заедно со синчето Михаил го открија полот на бебето

ИЗВОРСкопје24
|

Радосни вести пристигаат во домот на пејачот Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина. Како што информираше Димитар, нивното семејство се проширува за уште еден чен, затоа што неговата сопруга е бремена.

Пејачот има голема причина за славење бидејќи ќе стане татко по втор пат, а неговиот Михаил ќе стане поголемо братче.

Овие радосни вести пејачот ги објави на својот „Фесјбук“ профук каде што објави интересно видео на кое заедно со својот син го открија полот на бебето.

Имено, Димитар и Михаил преку интересен тренд кој се шири во светот го дознаа полот на нероденото дете, односно со мал чекан ја скршија срцевидната чоколадна торта и открија дека Христина и Димитар ќе добијат син, а Михаил братче.

„Јас сакам сестричка“, изјави Андоновски во видеото, а потоа кога го открија полот истакнувајќи дека важно е да живо и здраво.

Инаку, Христина и Димитар во брачните води запловија во 2015 година, а во 2017 го добија првиот син.