Димитриевски: Сонот со пласманот на Европското првенство го исполнивме, но не мислиме да застанеме овде

ИЗВОРСкопје24
|

Репрезентацијата на Македонија на 13. јуни во Букурешт со почеток од 18. часот го игра првиот натпревар против Австрија во рамките на групата Ц од Европското првенство.

-Не чувствуваме притисок, напротив. Се обидуваме да гледаме позитивно на првиот меч и тоа да ни биде дополнителна мотивација за натпреварот со Австрија, противник кој го знаеме многу добро. Австрија има исклучително квалитетен состав и веројатно очекувањата се најголеми од Алаба и Арнаутовиќ. Нашата одбрана и голманот мора да биде на високо ниво, тоа го работиме на тренинзите и се надевам дека ќе го исполниме на натпреварот, изјави Димитриевски.

Сонот со пласманот на Европското првенство го исполнивме, но не мислиме да застанеме овде. Нашата цел е пласман во следната фаза, а првиот чекор за тоа е добар резултат против Австрија. Добро ги анализиравме, ова е сосема поинаков меч од нашите два претходно и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво, додаде Димитриевски