Дино Мерлин проговори за тешкиот период од животот: „Немавме ни за млеко“

ИЗВОРСкопје24
|

Дино Мерлин денес е еден од најуспешните музичари во регионот, но на почетокот на неговата кариера тоа не беше лесно за него и имаше навистина тешки ситуации за неговото семејство.

-Сопругата стоеше на вратата, ме дочекуваше со бебето. Наида имаше половина година, а сопругата Амела само што ја завршуваше архитектурата. Таа ме праша тивко: „Дали ни донесе нешто? Јас немам млеко “. Немав ниту еден динар. Јас не донесов ништо, бидејќи не заработив ништо. Имаше високи трошоци. Би дал сè, ако можев да одговорам таа ноќ: Да, донесов 100 марки – изјави популарниот пејач за „Блиц“.

Љубовната приказна на Дино Мерлин и неговата сопруга е исто така интересна затоа што нејзините родители биле долго време против нивната врска и не го гледале пејачот како идеален сопруг за нивната ќерка.

– Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не раздели. После пет години, се венчавме во тајност. Тоа беше романтична свадба, иако буквално ја киднапирав сопругата. Со нас беа само мојот кум и сестрата на Амели која беше кума, се сеќава музичарот. Родителите на Амела биле толку лути што парот тајно се венчал што половина година дури не сакале да слушнат за нивната ќерка. „Но, времето лечи сè, затоа денес родителите на Амела ме сакаат повеќе отколку што заслужувам“, вели тој.