Дино Мерлин стана дедо: Се роди неговото прво внуче

ИЗВОРСкопје24
|

Познатиот сараевски шмеќер, пејачот Дино Мерлин за прв пат стана дедо, пишува Дневни аваз.

Првото внуче Мерлин го добил пред неколку дена. На неговиот син Хамза и снаата Џенета им се роди синчето Незир.

„Мајката и бебето се веќе дома и добро се чувствуваат. Честитки за семејството доаѓаат од сите страни“.

Синот на Мерлин минатата година се венчал со неговата партнерка Џенета, а нивната љубов трае уште од гимназиските денови и оттогаш се неразделни. Биле во врска седум години.

Новороденчето го добило името Незир по неговиот прадедо, таткото на сопругата на Дино Мерлин.

Дино и неговата сопруга Амела се пресреќни поради првиот внук, како и нивната ќерка Наида, која станала тетка.