Директорот на фирмата која го врши препакувањето: Заврши сè, сè е собрано во специјални буриња, спремни за извоз

ИЗВОРСкопје24
|

Инспекциските служби интервенираа по дојава од жителите кои утрово почувствувале непријатна миризба во околината на фабриката. Според Инспекторатот за животна средина, истекувањето се случило на локација каде фирма од Скопје препакувала и отстранувала историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство. Истечена е вода од цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер. При миењето на цистерната попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот поради што се почувствувала непријатна миризба во околината, известуваат опсервер

Oтпадот кој денеска истече во ОХИС е веќе собран, нема опасност и нема повредени, рече во изјава за ТВ „24“ Владо Момировски, директорот на „Еко центар 97“, фирмата која го врши препакувањето на истискиот хемиски отпад.

,,Не е опасно, нема повредени. Заврши сè, сè е собрано во буриња, специјални буриња, спремни за извоз. Вентилот е поправен, еве моите вработени веќе се повлекоа, сè е завршено. Истече вода со која се перела цистерна, во која имало мали делови од хемикалијата, значи не самата хемикалија. А водата не може да истече надвор, туку во заштитниот бетонски базен, рече Момировски за ТВ „24“.

Државниот инспекторат за животна средина попладнево информираше дека при извршениот увид во фабриката „Охис“ земен е примерок од страна на лабораторијата на МВР кој ќе биде испитан, а правниот субјект е задолжен да работи на терен цела ноќ за да целата излеана течност биде преточена во соодветно пакување. Утре, како што најавуваат од Инспекторатот, ќе биде направен контролен инспекциски надзор известуваат опсервер