Биковите несигурни, важен ден за Стрелците: Дневен хороскоп 05 Август 2020

|

Овен (21.03 – 20.04)

Можеби нема да бидете изморени, но секојдневните обврски ќе ви станат досадни и ќе ви дојдат преку глава. Потрудете се да смислите нов, позабавен начин на извршување на обврските и расположението веднаш ќе ви се врати.

Бик (21.04 – 21.05)

Веројатно се чувствувате осамено и несигурно. Пробајте да ги игнорирате сите тие чувства и мислете позитивно. На вашите пријатели можеби им е досадно како што ви е на вас, па затоа побарајте ги и поминете прекрасен ден заедно.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Доколку сте доволно искрени, потребно е да ја преземете одговорноста за вашите постапки. Докажете си на себе и на другите дека можете да ги исполните дадените ветувања. Денес препорачливо ви е да избегнувате премногу напорни или стресни ситуации.

Рак (22.06 – 22.07)

Постојат соработници кои немаат доволно слух за вашите идеи, но не возбудувајте се премногу. Трпеливо чекајте да се смират негативните страсти. Немојте непотребно да го иритирате вашиот партнер, бидејќи тоа ќе донесе спротивен ефект во врската.

Лав (23.07 – 22.08)

Денес е совршен ден за промени. Искористете ја вашата стабилност и направете нешто ново. Ќе привлечете многу љубопитни погледи, па кој знае, можеби среќата ќе ви се насмевне. Бидете максимално позитивни.

Девица (23.08 – 22.09)

Денешниот ден ќе ви донесе блиска средба со партнерот и не трудете се да го уништите тоа со вашата презафатеност. Посветете им вниманите и на пријателите, на некој од нив ќе му биде потребен вашиот совет.

Вага (23.09 – 22.10)

На професионален план ве очекува нова можност за заработка, а добриот глас надалеку се слуша, затоа бидете горди на вашиот успех. Можеби денес е вистинскиот ден кога треба да престанете да бидете тврдоглави и себични.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашата немарливост и неодговорност ќе излезе на виделина, а за тоа пријателите може да ви се обратат со неколку критики. Прифатете ги, бидејќи тие ви мислат само добро. Почестете ги со вашето внимание и слушајте што ќе ве советуваат.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Овој ден ќе ви биде од голема важност. Потрудете се да ја искористите креативноста на позитивен начин и да ја вложите во некој проект. Кон крајот на денот очекувајте изненадување од блиска личност.

Јарец (22.12 – 20.01)

На професионален план ве очекува нова можност за заработка, а добриот глас надалеку се слуша, затоа бидете горди на вашиот успех. Можеби денес е вистинскиот ден кога треба да престанете да бидете тврдоглави и себични.

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашата врска денес едноставно блеска, а тоа се должи на вашето прекрасно расположение. Поминете го овој ден со партнерот и радувајте се на прекрасните моменти поминати заедно. Нека не ве нервираат неговите постапки од минатото.

Риби (20.02 – 20.03)

Денес вашата меморија нема да ви биде од голема корист, па затоа може да се чувствувате расеано. Можеби ќе заборавите каде сте ставиле некој предмет или пак која обврска требаше да ја извршите, но ништо страшно, тоа на секој може да му се случи.