Одличен ден му следи на Ракот, голема внимателност за Шкорпијата: Дневен хороскоп (06.04.2021)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Некој обврзувачки финансиски договор ви создава проблеми. Обидете се да го промените тоа. Закажете деловен состанок на кој ќе бидат потцртани клучните нешта на кои треба да се работи. Ви недостасува време за пријателите, најдете малку слободно време и излезете со нив.

Бик (21.04 – 21.05)

Утрото може да ви биде бурно, особено ако ја барате правдата и сакате на секој да му кажете во лице се што мислите. Една Водолија или некој Овен поради тоа нема да се лутат, но некој Јарец, Шкорпија или Вага можат да бидат преосетливи и погрешно да го сфатат вашиот коментар. Не се нервирајте премногу поради коментарите на еден Рак.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Препуштете му ги проблемите на времето, оставете ги идеите за некои поповолни денови, исклучете се и уживајте. Искористете го денот за лицата кои на вас ви се драги, пронајдете доволно време за себе и приватните обврски. Нека не ве загрижува неповолниот период, тој брзо ќе помине.

Рак (22.06 – 22.07)

Во прв план ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините. Денот е одличен за шетање. Било каква интелектуална работа нема да ви предизвикува проблеми. Некој ќе побара финансиска помош од вас.

Лав (23.07 – 22.08)

Пред очите на јавноста однесувајте се дипломатски. На некои од вас на памет ќе им дојдат многу сериозни идеи. Бидете внимателни со кого соработувате, некој во вашиот круг на соработници сака да направи проблем. Посветете му поголемо внимание на семејството. Вашиот партнер има потреба од возвраќање на љубовта.

Девица (23.08 – 22.09)

Во утринските часови може да бидете нервозни и ќе настојувате да комплетирате некоја важна задача. Бидете внимателни во тенденцијата да ги критикувате сите околу вас. Ќе успеете да се смирите во попладневните часови, во текот на една средба со пријателите.

Вага (23.09 – 22.10)

Се случуваат некои работи кои вие не можете да ги сфатите, а колегите очекуваат ваше мислење. Бидете претпазливи кога ги изнесувате новите идеи. Може да се случи да избрзате и да кажете нешто што не треба. Вашето семејство сака да ви помогне, но во овој момент нивните совети не ви се од полза.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашето тело ви испраќа јасни сигнали дека сте претерале со работењето. Затоа пронајдете време за одмор и обновување на енергијата. Деловните работи, обврските и задачите можат да почекаат, одложете се и посветете се самите на себе.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Изразени се желбите за заработка и уживање во материјални богатства. Настојувате да ја прикриете вашата амбиција, бидејќи може да нагазите на мина. Не брзајте никаде, туку застанете и погледнете околу себе. Ќе одиграте многу важна улога во решавањето на некој проблем во вашето семејство.

Јарец (22.12 – 20.01)

Голем дел од проблемите се зад вас. Имате уште некои помали работи што треба да ги завршите за конечно да можете да здивнете. Затоа овој ден ќе го поминете во пријатна и опуштена атмосфера со саканата личност. Може да се случи и да отпатувате некаде каде што ќе можете да заборавите на се.

Водолија (21.01 – 19.02)

Некој од вашата околина ќе ве посоветува да направите некакoв чекор напред кој има можност да ви донесе големи промени. Охрабрете се и послушајте го советот. Во овој период покрај новите проекти во кои ќе се вклучите ќе се запознаете и со нови лица кои во иднина ќе бидат вашата потпора.

Риби (20.02 – 20.03)

Размислете објективно за тоа до каде сте и како се чувствувате. Моменталната состојба не ви е многу сјајна, но за тоа сте виновни единствено вие, во иднина пред да ги одложувате работите, размислете за последиците.