Парична добивка за Овенот, поволен ден за Шкорпијата: Дневен хороскоп (21.07.2021)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Финансиите ви се поправаат, конечно и кај вас ќе дојдат некои пари од наследство, игри на среќа или слично. Спротивниот пол ве гледа како мистериозна личност. Оние во врска ќе се борат против љубомората на партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)

Полека вашиот енергетски статус се враќа во нормала и вие функционирате порастеретено. Правите многу добри планови кои веројатно се краткорочни, но сепак ќе ви успеат. Во емотивниот дел ви е важен интелектуалниот стимул.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Преку контактите со пријателите добивате одлични идеи кои брзо можете да ги спроведете во дела на работното место. Немојте на соработниците да им се отворате до крај. Привлекувате погледи од спротивниот пол и вниманието кое го добивате ви одговара.

Рак (22.06 – 22.07)

Можете да го покренете планот за кој мислевте дека пропаднал. Веројатно ќе завршите некој проект и веднаш ќе испланирате нов. Ќе се појават некои личности со силен карактер кои ќе ви го нарушат авторитетот и самодовербата.

Лав (23.07 – 22.08)

Незадоволни сте со моменталната ситуација на работа. Сепак, не правите радикални промени и се воздржувате од расправии бидејќи нема да имаат ефект во овој период. Ако сте сами, ќе се обидете да го конкретизирате односот со лицето кое го познавате од неодамна.

Девица (23.08 – 22.09)

Вашите идеи ги мотивираат луѓето од вашето опкружување. Финансиите се поправаат или постојат назнаки дека многу брзо ќе се поправат. Ако сеуште немате симпатија, започнете со активни излегувања со пријателите. Зафатените припадници на знакот нема да можат да поднесат да бидат одвоени од партнерот.

Вага (23.09 – 22.10)

Подготвени сте да направите извесни отстапки на работното место и тоа ќе има далекусежни позитивни ефекти. Се шири обемот на работа а вие тука наоѓате простор да работите нешто што ви дава елан. Во љубовта внимавајте да кого му подарувате доверба.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Одлично се снаоѓате во комуникацијата со лицата кои според положбата се над вас. Особено поволен ден за оние кои се занимаваат со приватна работа. Емотивниот дел е нестабилен, поправете ги работите на најбезболниот начин.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Големата упорност во комбинација со позитивната енергија делува како успешна формула во односот со соработниците. Имате јасни ставови и делувате неуморно. Одредени околности ќе ве натераат да го промените мислењето.

Јарец (22.12 – 20.01)

По долго време ќе добиете поддршка која ќе ви биде ветар во грбот. Полека, но сигурно, важните работи доаѓаат на свое место а вие ќе имате причина да се радувате. Бидете добродушни кон саканото лице.

Водолија (21.01 – 19.02)

Интелектуално сте стимулирани, но ве убива неизвесноста на која сами не можете да влијаете. Некои работи сепак се придвижуваат од мртвата точка, па така и финансисиите ќе се поправат. Имате доволно самодоверба, а ќе ве стимулираат и блиските лица.

Риби (20.02 – 20.03)

Многу лесно можете да влијаете на одлуката на другите. Искористете ја таа предност. Сосема сигурно дека ќе наидете на некој кој ќе ви биде интересен. Вас е тешко емотивно да ве покренат, но кога ќе фатите залет не престанувате.