Поволен ден за Овенот, дојде време кога коцките ќе се подредат за хороскопскиот знак Вага: Дневен хороскоп (14.09.2021)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Имате благопријатни аспекти на сите полиња кои се од голем интерес за вас, а тоа значи на полето на статусот, на полето на деловноста и професионалните активности, на полето на остварувањата. Уживајте во оваа работн недела, ова е поволен период за вас.

Бик (21.04 – 21.05)

Значително ќе ви се подобри расположението и ќе бидете како зрак светлина каде и да се појавите. Прифаќајте ги поканите за забави и свечености, движете се на места каде што има многу луѓе и не го избегнувајте склучувањето на нови познанства. Новите контакти ќе ви го збогатат животот со незаборавни доживувања.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Уметнички сте ориентирани. Потрудете се да се докажете во работата. Оние кои не преземаат ништо најдобро е да внимаваат што зборуваат. Почнете да размислувате за промена на професијата. Најдобро од се е тоа што сте свесни за своите способности.

Рак (22.06 – 22.07)

Послушајте ја интуицијата која е особено изразена. Таа ќе ви каже што да направите и како да се однесувате. Сакате некои работи да ги испланирате однапред. Се трудите да ги ублажите проблемите и тоа ви успева. Соработувајте со колегите и не се затворајте во себе, тие ќе ви помогнат да ги завршите задачите навреме.

Лав (23.07 – 22.08)

Позитивно сте настроени кон оние што ви се блиски. Луѓето ја ценат вашата љубезност и благодарност. Знаете да ги одберете вистинските зборови и во приватните и во професионалните разговори. Знаете да го одберете најдоброто за себе и за партнерот.

Девица (23.08 – 22.09)

Работете го само она што ве мотивира. Парите ви се на прво место, така што би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос.

Вага (23.09 – 22.10)

Се надевавте на одредена прилика, денес е токму тој ден, особено ако во план ви биле љубовта и романтиката. Денес ќе бидете прилично емотивни и ќе имате потреба за потврда на вашата вредност од страна на оние лица кои се важни на вас. Се ќе биде како што треба, затоа опуштете се.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Отежнатата комуникација ќе биде главниот проблем со кој ќе се соочите во овој период. Причината за тоа ќе бидат острите критики кои претпоставените ќе ги упатат на ваша сметка. Но, не очајувајте. Сите имаат добри и лоши моменти на успех, па за кратко време ќе успеете да ги повратите старите позиции.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Уживате во случувањата што се одвиваат на професионалното поле за кои морате да донесете важни одлуки. Со партнерот сте во феноменални односи и ништо друго не ви е важно. Преплавени сте со позитивни чувства. Причината за доброто расположение ќе ја најдете во заљубеноста.

Јарец (22.12 – 20.01)

Не се форсирајте да правите работи кои не ви носат задоволство. Денес нема да бидете особено комуникативни и друштвени, па не ги прифаќајте поканите за средби само за да покажете дека сте лојален пријател. Желбата за подобрување на друштвениот живот ќе ви се појави по зајдувањето на сонцето, па со возбуда ќе ги планирате вечерните средби.

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес цел ден ќе бидете обземени од длабоки мисли. Ќе размислувате за различни сегменти од животот, како ви оди, што да промените и сл. Не мислете дека сте луди поради тоа. Запишете ги своите мисли. Кој знае, можеби подоцна ќе ви бидат од корист.

Риби (20.02 – 20.03)

Окупирани сте со практичните проблеми кои се однесуваат на вашиот секојдневен живот и на вашите обврски, кои се потешко ги поднесувате. Се обидувате на наједноставен начин да ги решите проблемите кои ве оптеретуваат, а се однесуваат на пари и секојдневен живот. Денот посветете му го на семејството и не се оптеретувајте со тоа што не можете да го решите