Убав ден за Близнаците, неочекувана понуда за Девицата денеска: Дневен хороскоп (25.11.2021)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе бидете нетрпеливи да ги слушнете новитетите од следниот состанок. Но, сепак ќе треба малку да почекате. Мечтаете за тоа на саканото лице да му кажете се што ви лежи на срце но никако да соберете доволно храброст за тоа.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќај вас ќе биде нагласена нервозата, па поради тоа лесно можете да направите нови грешки на работното место. Во љубовта ви следи прекин на некоја емотивна врска, денот ќе биде особено тежок за мажите.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува прилика да го видите вистинското лице на некој од вашите блиски соработници. Можно е да бидете изненадени. Неочекувано ќе добиете големо и многу искрено признание од саканото лице за љубовта кон вас.

Рак (22.06 – 22.07)

Можно е во текот на денешниот ден да се решите да го напуштите вашето работно место. Не се чувствувате повеќе добро во тоа опкружување. Можна е јавна и отворена квага со партнерот, како и одалечување од него.

Лав (23.07 – 22.08)

Можете да очекувате големи осцилации на полето за финансии. Многу тешко ја остварувате стабилноста на овој план. Вашата љубомора и сомнежите кои ги имате за партнерот не ве оставаат мирни. Разговарајте отворено за тоа.

Девица (23.08 – 22.09)

Ненадејно ќе добиете вест за понуда за заминување и работа во странство. Многу ќе бидете среќни поради тоа. Доколку сте сами ве очекува возбудлива романса, а доколку сте во врска или брак, ќе бидете во кавга со партнерот.

Вага (23.09 – 22.10)

Размислувате за прекин на соработката со некој деловен партнер. Доколку тој направил ситни грешки, простете му и продолжете. Доколку се наоѓате во брак, можно е да настанат брачни проблеми поврзани со финансиите. Не избрзувајте со одлуките.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве очекува ненадеен сплет на околностите во кои можете да остварите голема заработка. Можете да очекувате многу интересни нови љубовни случувања. Ве очекува слатко возбудување.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате многу деловни обврски и не можете да им посветите време на пријателите и семејството, но тоа не е она што ве мачи. Повеќе се плашите од тензиите кои владеат во деловното опкружување, стравувате дека ќе добиете отказ.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе имате проблем со расудувањето, нема да знаете на кого да му верувате, но тоа ќе биде краткотрајно. Ве очекуваат и напнатости во врска со саканото лице. Можеби сте ја изгубиле сигурноста која ја имавте.

Водолија (21.01 – 19.02)

Внимавајте на деловните состаноци да не ве надвладее тремата, па да изгледате чудно пред колегите и соработниците. Многу е важно да поработите на својата несигурност. Ќе се појават несогласувања со партнерот.

Риби (20.02 – 20.03)

Некоја деловна прилика ќе биде пред вас, а вие со сета сила обидете се да ја искористите. Ризикувајте и нема што да загубите. Потребна ви е стабилна и сигурна врска, кажете му го тоа на партнерот.