Ден за паметење му следи на Бикот, посебно среќен ден за Ракот: Дневен хороскоп (09.07.2020)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Денес стојте подалеку од безначајни ситници и нешта кои нема да ви донесат аплауз. Времето кое ќе го заштедите посветете го на цели и проекти кои имаат потенцијал да ве лансираат нагоре на работното место. Едноставност е зборот кој денес ќе ве опишува.

Бик (21.04 – 21.05)

Планетите имаат поволно влијание врз вас. Прекрасна новост ќе разбуди еуфорија во вас. Луѓето конечно ќе ја видат вашата весела страна. Дозволете им на емоциите да се слеат со вашата креативност. Резултатот ќе биде прекрасен, а приходите поголеми.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ако сакате нешто да постигнете, сметајте само на себе. Денес другите луѓе само ќе ви го одвлекуваат вниманието и ќе ве оневозможуваат да се фокусирате, па избегнувајте ја тимската работа или туѓата помош. Започнете да штедите пари.

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе застанете пред камерата и ќе започнете со своите мотивирачки говори. Многумина ќе бидат инспирирани од вашата животна приказна, па не се изненадувајте ако започнат да ги копираат вашите постапки. Среќен ден во кој вашите планови ќе доживеат остварувања.

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе почувствувате силна желба да се отворите пред некого, па препорачливо е да изберете личност која веќе ви ја докажала својата лојалност. Сепак, внимавајте што и до каде откривате. Во вечерните часови партнерот ќе ви приреди прекрасно изненадување.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете изненадени од постапката или зборот на еден ваш пријател. Ако сте член на некоја група или друштво, денес се можни изненадни и непредвидливи реакции од ваша или нивна страна. Има услови да запознаете личност со многу интересен карактер. Ова дефинитивно нема да биде досаден ден.

Вага (23.09 – 22.10)

Вашето внимание е обземено од детали. Ако оваа карактеристика се манифестира на работно поле, ќе успеете да завршите и средите многу обврски. Но, aко се манифестира на лични и психолошко ниво – логично е дека ќе се најдете во лавиринт без излез. Засега, едноставно фокусирајте се на она што е пред вас.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ако вашата професија е поврзана со спорт, креативност или пак медицина, работа со деца, денес можете да очекувате плодност и успех. Некој поискусен и повозрасен ќе ве подучува за тоа како да се носите со новите одговорности. Другите ќе имаат значајни случувања на интимно ниво.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не можете да се концентрирате на постоечките обврски. Опуштете се и внесете некакви промени во ритамот на функционирање. можеби ќе се изненадите од тоа како ќе се развива денот. Веќе во попладневните часови ќе можете да уживате во средбата со една ваша драга личност.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе ви биде тешко да се организирате и да имате редослед на активностите. Постојано нешто размислувате и барате, надевајќи се дека ќе испадне нешто добро. Не се грижете премногу – немирот е во вас, не е во надворешниот свет.

Водолија (21.01 – 19.02)

Одведете ја врската на повисоко ниво или целосно откажете се од неа. Денес вашата љубов ќе биде ставена на тест, па морате да донесете одлука дали ќе се борите за да ја подобрите или ќе ставите крај. Некој колега од работа ќе ви помогне да напредувате, не заборавајте да му се заблагодарите.

Риби (20.02 – 20.03)

Не им ја вртете главата на оние кои се обидуваат нешто да ви кажат. Денес многу е важно да ги следите туѓите совети и препораки, бидејќи некои од нив имаат потенцијал да ви го дадат успехот на послужавник. Реагирајте брзо на можностите.