Финансиски прилив за Рибите, враќање на старите пријатели за Вагата: Дневен хороскоп (16.09.2020)

|

Овен (21.03 – 20.04)

Денес на работното место ситуацијата ќе биде мирна. Конверзацијата со колегите повеќе не е напната и не треба да стравувате дека ќе бидете погрешно сфатени. Бидете внимателни со претпоставениот и не го нарушувајте неговиот углед пред колегите.

Бик (21.04 – 21.05)

Ако се занимавате со недвижнини или градежништво, денес ќе имате шанса да направите многу добра зделка. Можеби ќе почувствувате дека цената можете многу да ја зголемите, но сепак не претерувајте. Денес тоа ќе помине, но може да ви ги намали шансите за во иднина.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Полни сте со самодоверба и со планови за иднина. Можностите што ви се нудат во овој период можат сосема да го сменат вашиот досегашен начин на живот. Во овој период е многу важно со кого се дружите и на кого му ја давате вашата доверба. Познато е дека не сакате да има никој над вас и дека сакате во се да бидете први, но дружењето со личности од авторитет може многу да ви помогне.

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе имате можност да ги поправите односите со еден пријател. Во изминатите денови имавте различни ставови за одредени прашања и доаѓавте во конфликт. Денес ќе се усогласите и ќе продолжите како и пред конфликтот.

Лав (23.07 – 22.08)

Чувствувате дека е време да си се посветите себеси, но се уште не можете да си го дозволите тоа. На работното место ситуацијата е многу добра и постои можност за напредување. Поради тоа не можете да си дозволите да земете одмор и да направите пауза.

Девица (23.08 – 22.09)

Овие денови премногу сте насочени на свои задоволства и тоа значително може да ви ги намали приходите. Доколку сте слободни, може да ви се случи да бидете збунети од сигналите што ги добивате од една личност. Не влегувајте во сомнителни врски.

Вага (23.09 – 22.10)

Имате многу планови, но нивната реализација се одвива премногу бавно. Тоа не треба да ве загрижува затоа што за работите што сакате да ги остварите ќе мора претходно да чукнете на повеќе врати. Денес ве очекуваат контакти со некои стари партнери.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Секојдневно се соочувате со исти ситуации и ви недостасува вистински предизвик. Финансиите ви се добри, но трошоците поврзани со семејството секојдневно се зголемуваат. Доколку сте во брак или стабилна врска, денес ќе го преиспитувате односот на партнерот кон вас. Сметате дека тој е премногу опуштен и не се труди доволно околу вас.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашиот претпоставен има нереални очекувања во однос на вас. Тој смета дека треба да вложите поголем труд за да можете да напредувате. Во моментов воопшто не сте заинтересирани за напредување, туку за промена на работното место. Останете смирени во контактите со надредените и не го повишувајте гласот.

Јарец (22.12 – 20.01)

На деловното поле се ќе биде солидно. Ако се наоѓате во врска која е на почеток, не барајте проблеми таму кај што ги нема. Одете пополека и не го малтретирајте партнерот со вашата посесивност. Ако имате преголеми очекувања и тоа јасно го покажувате, може да ви се случи да го исплашите партнерот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ако дојдете во ситуација да морате да преземете некој ризик на работното место, застанете и размислете дали е тоа неопходно. Погрешната проценка на ситуацијата може да ви донесе многу проблеми во идниот период. Ако веќе морате нешто да преземете, секако вклучете ги и колегите.

Риби (20.02 – 20.03)

Нестабилната финансиска ситуација ве тера да правите многу комбинации. Денес ве очекува финансиски прилив кој ќе треба добро да го испланирате. Бидете внимателни и не трошете премногу. Вие навистина имате среќа и работите секогаш се решаваат во последен миг, но може да се случи и среќата да ве изневери.