Големо внимание за Лавот, неповолен ден за Јарецот: Дневен хороскоп (24.01.2021)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Избегнувајте претерано оптеретување на работа. Викендот ви е поволен за одмор и релаксација. Вашите непромислено изговорени зборови можат да го повредат партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)

Се случуваат некои промени во работното опкружување. Засега лесно се прилагодувате и ништо не ви претставува проблем. Во љубовта ги преиспитувате вашите чувства, а партнерот тесно го следи секој ваш чекор.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Финансиите не ви се стабилни но тоа може да се промени веќе во наредните денови ако и се посветите на работата. Во љубовта нешто ќе ве мачи, но после разговорот со партнерот ќе бидете многу смирени.

Рак (22.06 – 22.07)

Нема да успеете да ги остварите своите планови, па немојте да очекувате премногу кога станува збор за деловното поле. Во љубовта ќе делувате незаинтересирано за комуникација со саканото лице.

Лав (23.07 – 22.08)

Потрудете се да се држите подалеку од било какви конфликти на деловното поле. Дипломатијата нека ви биде најдоброто оружје. Во љубовта можно е повеќе да немате еднаков интерес за личноста со која сте во моментов.

Девица (23.08 – 22.09)

Размислувате некоја деловна соработка да ја завршите. Размислете подобро за ваквите одлуки. Во љубовта сметате дека партнерот е тврдоглав за некои работи, но сепак не можете да му одолеете.

Вага (23.09 – 22.10)

Немате доволно трпение, па тоа може скапо да ве чини. Најдобро е да не донесувате избрзани одлуки. Потребно ви е поголемо разбирање кога станува збор за љубовта, побарајте го тоа од партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Викендот не е поволен за судски процеси, формални решенија или било какви процеси поврзани со документи. Во љубовта ви се допаѓа личност која во моментов е дистанцирана од вас.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можно е да немате баш добар однос со луѓето од своето деловно опкружување. Засега тоа не ви смета. Во љубовта најверојатно ќе се почувствувате малку осамено.

Јарец (22.12 – 20.01)

Викендот не е поволен доколку се занимавате со недвижности, продажба или изнајмување. Доколку сте во брак пред вас се кавги со саканото лице. Ќе ви требаат неколку дена да се смирите.

Водолија (21.01 – 19.02)

Можни се мали загуби на деловното поле. Не се грижете, поразите може да станат победи. Во љубовта сте се повлекле во себе и не ви е лесно повторно да се отворите кон спротивниот пол.

Риби (20.02 – 20.03)

Загрижени сте поради развојот на ситуацијата на деловен план, но не би требало да бидете. Наскоро следат подобри случувања. Во љубовта нешто не ви дава мир да уживате.