ОВЕН
Не преземајте нови обврски, најдобро е денот да го поминете во минимални деловни активности. Наскоро ќе имате поголем прилив на пари кои во голема мера можат да ги решат финансиските проблеми за кои моментално немате долгорочно решение.
БИК
Ги надминувате вашите можности. Заморот кој ве мачи веќе некое време си го прави своето. Секојдневните задачи бараат повеќе труд од вообичаеното. Поради недостигот на сон ви паѓа и концентрацијата, па доколку не го решите, следува сериозен пад на енергијата.
БЛИЗНАЦИ
Добивате нови задачи. Со оглед на тоа дека се работи за област во која не сте се испробале, ќе се соочите со голем предизвик. Ќе си докажете себеси и на другите колку се големи вашите способности. Не се занесувајте, затоа што не сте безгрешни.
РАК
Обврските трпат затоа што не сте фокусирани. Далеку сте во мислите затоа што однапред планирате активности чија реализација е уште далеку. За да направите нешто конкретно, треба темелно да го подготвите теренот, а тоа не се постигнува со мечтаење.
ЛАВ
Партнерот ве провоцира и искушува, па во афект излегува нешто што сте сакале да го премолчите. Сè може да кулминира со одлука од која се плашите. Се наоѓате во незавидна положба, не сакате да продолжите понатаму, но не сакате ниту да раскинете.
ДЕВИЦА
Ве измачува минатото и поминувате добар дел од денот прашувајќи се што сте можеле да направите поинаку. Свртете се кон вашите најблиски и слушајте што имаат да кажат. Зголемената физичка активност може да ве оживее, особено пливањето или престојот покрај вода.
ВАГА
Ви претстојат сериозни задачи. Имате финансиски проблеми за кои треба да најдете решение. Не наоѓате разбирање ниту во кругот на семејството, па тоа ви става дополнителен товар. Кога добро ќе се одморите, ќе се појави решение кое сега не го гледате.
СКОРПИЈА
Дисциплинирани, давате се од себе за да ги завршите обврските кои невешто ги презедовте на себе. Резултатите се неизвесни, но не ве напушта оптимизмот и чувството дека нешто добро ќе произлезе од се што сте презеле. Пазете се од повреди.
СТРЕЛЕЦ
Чувствувате дека никој не ве разбира. Тешко е да се зборува за такви работи кога не мислиш високо за себе. Ја криете својата длабока несигурност зад маската на незаинтересирано однесување, што секако ги одбива дури и оние луѓе кои ве разбираат и сакаат.
ЈАРЕЦ
Вие сте во позиција да извршувате две посебни, но подеднакво важни работи истовремено. Нормално, добро ви оди, но денес се колебате. Направете мала пауза на време за да не направите грешка која подоцна ќе ви биде тешко да ја поправите.
ВОДОЛИЈА
Непланираните трошоци ве исфрлаат од рамнотежа. Не разбирате зошто, иако сте преморени, не можете финансиски да врзете крај со крај. Проблемот не е мал проток на пари, туку вашето претходно трошење.
РИБА
Нешто што сте го чувале во тајност може да ја види светлината на денот денес. Без разлика што внимателно сте го подготвиле секој детал, токму сега ќе откриете низа грешки кои ќе го доведат во прашање целиот ваш план. Не паничете, успехот е сигурен.