Дневница и до 3.000 динари: Никој не сака да собира малини во Србија

ИЗВОРСкопје24
|

Сезонските работници одат на работа во странство, а неискусните собирачи газдите не ги сакаат.  Во соседна Србија се бараат работници за собирање на малини, а работодавците нудат дневница обезбедено сместување и храна и дневница од 2.500 до 3.000 динари, што е околу 80.000 динари за еден месец работа.

Работници се бараат во Гуча, Ариље, Пожега, Ваљево и Бајина Башта, Ртари во близина на Чачак и Ртари кај Ужице, а и покрај објавените огласи, работодавците се жалат на слаб интерес.

Драган Богдановиќ, претседател на Здружението на малинари „Виламет спас“, уверува дека собирањето на малини не е воопшто тешка работа и дека тоа не е главната причина зошто луѓето одбиваат да се занимаваат со тоа.

Собирачите на малини можат да заработат добро, и ако на дневницата од 2.500 динари додадеме сместување и три оброци на ден, тогаш тоа не е воопшто мал приход. Можеби им пречи долгиот работен ден кој трае до 11 часа, како и силното сонце, па поради тоа не сакаат да работат, вели тој.

Сепак, тој смета дека главниот проблем е што Србија нема доволно работна сила.

Многу сезонски работници одат надвор од Србија, но поради ситуацијата со коронавирусот, многумина се вратија назад во земјата. Ние треба да го искористиме тоа максимално. Сметаме дека повратниците ќе ги засукаат ракавите, а ако не успееме да обезбедиме труд, ќе мора сами да ги собираме малините, додава Богдановиќ потсетувајќи дека се уште има време за обезбедување на работници бидејќи жетвата на малини започнува околу 20 јуни.

Србија годишно произведува околу 120.000 тони малини, но оваа година родот е намален за 20 до 30 проценти.

Сопствениците на овоштарници во околината на Ариље тврдат дека им требаат многу работници, барем за еден месец работа. Еден од нив е и Раде Н. кој бара работници преку оглас. Им нуди околу 2.500 динари на ден, но и бесплатни оброци и сместување. Досега, вели тој, успеал да пронајде два сезонци, а потребни му се уште најмалку три.

Засега во Србија функионира електронски систем за регистрација на сезонски работници во земјоделството преку онлајн платформа за поедноставна регистрација на работниците.

Сезонците во Србија имаат сигурна компензација, пензиско и здравствено осигурување и правна сигурност. Иако не постои писмен договор, самата регистрација преку онлајн платформата се смета за правен доказ за остварување на овие права.