Доколку сте во Скопје викендов, не грижете се за паркирање

|

Два дена бесплатно паркирање во Скопје. Во недела и понеделеник во Скопје ќе биде бесплатно паркирањето соопштуваат од „Паркинзи на Општина Центар“.

Недела 2 Август е државен празник, а на државен празник не се наплаќа паркирањето на автомобилите и тоа во сите Зони за паркирање. Бидејќи празникот е во недела, неработен е и следниот ден – Понеделник (3 Август). Затоа и тој ден граѓаните ќе бидат ослободени од плаќање паркинг.

Од Вторник ќе продолжи редовната наплата за паркирање на паркиралиштата (4 август 2020 година).