До сега погрешно не учеле: Еве зошто не треба да ја покривате четкичката за заби со капаче

ИЗВОРСкопје24
|

Иако уште од мали не учеа дека четката за заби не смееме да ја оставиме отворена и дека секогаш по користењето треба да ја покриеме со капаче, сепак најновата студијата која ја спровело Американското здружение за микробиологија открило дека ваквото покривање на четкичкаата за заби е нехигиенско.

Стоматолозите кои учествувале во оваа студија тврдат дека капачето за четкичката не штити од бактерии, туку создава идеално опкружување за нивен раст. Имено со нејзино аплицирање веднаш по миењето на заби капачето спречува четката добро да се исуши од водата, а добро е познато дека влажното и затворено место е најпогодно место за размножување на бактериите.

Тоалетот сам по себе е повлажно место од останатите простории и токму затоа капачето не е добра идеја. Добро е кога патувате, а најдобар избор се оние со капачиња со дупче за воздух.

Доколку не живеете сами се препорачува да внимавате и да спречите конткат на главите на четките, што се смета за нехигиенско.