Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

|

По долгото владеење на мирољубивите Ваги и ретроградниот Меркур, конечно навлегуваме во сезоната на таинствените и интензивни Шкорпии.

Шкорпиите се знак кој или го сакате или мразите. Со нив нема средина.

Оваа недела ќе биде поволна за водените знаци кои ја носат енергијата на Шкорпиите.

Рак – се опуштате и си дозволувате да се забавувате

Вие му пристапувате на животот со забава овој период. Сонцето влегува во вашата петта куќа на задоволство и забава, овозможувајќи ви да поминете убаво време самите но и со оние кои ви значат. Не дозволувајте стравот да ве држи заработени, туку искориститете ја оваа енергија и уживајте во убавината која е околу вас.

Шкорпија – осознавате нова верзија од себеси

Во животот, не можете секогаш да контролирате како се чувствувате, но можете да научите да бидете смирени и зрели. Оваа недела ќе се случи токму тоа и ќе научите да бидете потрпеливи. Вашата сезона ќе ви открие различни полиња каде ќе сакате да се подобрите и гледајќи го напредокот, ќе бидете горди на себеси. Ако во моментот не ви се допаѓа нешто во вашиот живот, ова е вашата можност да го смените.

Риби – уживате во можноста да бидете диви и слободни

Спонтаноста го носи вашето име за време на оваа недела. Сонцето влегува во вашата деветта куќа на авантури и експанзија, давајќи ви крилја и можности да го истражите светот околу вас. Постојат многу нешта кои сакате да ги видите и направите, а ова е совршен период за тоа. Ништо не се менува преку ноќ, но ова е само почеток.