Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

|

Сонцето е во Вага, еден од најхармоничните знаци во хороскопот.

Наместо да навлегуваат во конфликти и аргументи, Вагите се ориентирани кон љубовта и пријателствата. Но, во тек е ретроградното движење на Меркур, па можен е хаос за некои од знаците.

Но, за среќа… оваа недела ќе биде прекрасна за три знаци.

Вага –  уживате во романсата околу вас

Оваа недела ќе се чувствувате како да се заљубувате. Некој може да ви се допадне толку многу така што ќе почувствувате пеперутки во стомакот. Но, можно е и да се вљубите во животот, да развиете страст за убавите нешта и да уживате малку повеќе. Правете го она што ве прави живи и среќни овој период. Игнорирајте го останатото.

Стрелец –  уживате во љубов кон себеси

Венера, планетата на љубовта и пријателствата е официјално во вашиот знак носејќи ви неодолива енергија. Кога Венера патува низ вашиот знак, ви носи многу благослови, правејќи ве неодоливи за другите. Оваа недела, можно е да започнете да развивате подлабока врска со себеси, потсетувајќи се на сите причини зошто се сакате себеси. Направете листа и чувајте ја блиску до себе.

Водолија – чувствувате убава експанзија

Чувствувате убав ветер на промени во вашиот живот и почнувате да уживате во тоа, но и во сите мали мигови кои ги носат ваквите промени. Сето ова е процес и можеби е чуден понекогаш, но ви носи добра насока. Промените се некогаш страшни, но ова е возбудлива промена.

Извор: Скопје инфо