Добра сум, не е толку лошо: Се огласи и Марина Туцаковиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Српскиот текстописец Марина Туцаковиќ веќе со години води би тка со најлошата болест, но вели дека не се предава и дека се надева дека ќе биде се како што треба затоа што таа е силна жена која поминала многу работи во животот.

Таа во овој момент одмара на Златибор со синот, а откако тој сподели фотографија од неговата мајка која е видно ослабена и со променет изглед, па во јавноста се покрена бура на реакции за здравствената состојба во која се наоѓа.

За српските медиуми се огласи и самата Марина за да ги увери сите дека нема потреба од паника за нејзиното здравје.

„Дојдов на Златибор. Супер е, чист воздух. Дојдов на неколку дена да се одморам од градот. Многу ми годи овој чист воздух. На терапија сум, онака се чувствувам, ништо посебно искрено да ви кажам. Не е најдобро баш, но не е ни толку лошо. Не ги знаеме резултатите, дури во февруари ќе ги дознаеме резултатите кога ќе имам и контрола. Знаете како, целиот живот сум ја гледала онаа подобра страна дека се ќе биде добро. Како и секогаш позитивно размислувам“ – вели Туцаковиќ.

Таа додава дека не пишува на Златибор и доколку би требало да работи нешто за нови песни тоа би го направила кога ќе се врати во Белград.

„Ми треба малку одмор, да соберам сили за да можам тоа да го направам“ – завршува Туцаковиќ.