Добрила Ивановска Чабриќ учествуваше во „Сè или нешто“ – eве со колку пари зема од учеството во квизот

ИЗВОРСкопје24
|

Во квизот „Се или нешто“ кој се емитиваше во петокот натпреварувачка беше добро позната победничка во „Никогаш не е доцна“ 94годишната Добрила Ивановска Чабриќ. Добрила играше со кутијата со број 22. Таа не успеа да освои многу пари, но успеа да ја пренесе својата харизма и позитивна енергија.

Таа уште пред половината на квизот, ги отвори кутиите со високи суми, но беше храбра и играше до крај. Освен што ја играше игрта таа раскажуваше и свои приказни, а најинтересна беше приказната кога ја каснале пчели и за малку да го изгуби животот.

– Земав да чистам килим и кога го кренав под него имаше саќе со пчели. Тие ме нападнаа и ме искасаа по целото тело. Веднаш се јавив на докторот, среќа тој беше во близина и кога дојде јас веќе паднав, но тој ми даде инекции и ме спаси“; раскажува Добрила.

Ивановска истакна дека е човек кој сака да ризикува, па во квизот играше до крај и си замина со сума од 10 000 денари. Добрила истакна дека не дошла по пари туку да се дружи.