Дојранските плажи полни со туристи – сместување едвај се наоѓа

ИЗВОРТелма
|

Задравствената криза не ги поколеба домашните туристи
да уживаат покрај езеро за продолжениот илинденски викенд. Со маски, без маски, врие на плажите и шеталиштето. Општината проценува дека викендов во градот има околу 20.000 гости.

Градоначалникот Ангов вели дека ангажирањето редари е за гостите но и домаќините да се чувствуваат безбедно. Тие се присутни во текот на целата сезона, а особено за време на викендите кога има поголема
гужва.

Туристите не се исплашени, но сведочат поразличен одмор. Велат дека ако се почитуваат мерките сите ќе се поопуштени. Сместувачките капацитети во Дојран се полни до септември. Бројот на остварени ноќевања се очекува да го надмине ланскиот, кој се движеше околу 100.000.

Сузана Мицева