Доказ зошто Лила е „божица“ на Инстаграм! (ФОТО)

loading...

Со појавувањето на социјалните мрежи и нивното прераснување во огромно и плодно маркетингшко поле, се појавија и нови професии како што се инфлуенсерите. Тоа се влијателни личности кои своето влијание можат да го искористат за промоција на најразлични продукти и произвори, но и за секакви социјални проблеми и политичко-општествени прашања.

Додека во светот славните личности заработуваат милиони долари на овој начин, во Македонија ситуацијата е поразлична, што поради помалиот пазар, што поради фактот дека граѓаните сеуште не се запознаени со овој поим и неговото функционирање.

Кога зборуваме за вистински бренд и дефинитивно најуспешен инфлуенсер кај нас, секако дека прво на ум ни доаѓа нашата прекрасна водителка Лила Филиповкса. Доколку го погледнете нејзиниот Инстаграм профил ќе забележите дека таа рекламира најразлични препарати и произвори, почнувајќи од производи за убавина и нега на коса, до туристички агенции, модни брендови, накит, парфеми, ресторани, производи за здрава исхрана и што уште не…

Лила дефинитивно е доказ дека доколку нешто се сака – тогаш и се може. Една, единствена и незаменлива на ова поле, таа го постави стандардот кај нас затоа што навистина поседува чувство за бизнис, а секој кој мисли дека со рекламирањето на само еден производ може да стане индлуенсер е само нејзина копија. Како што и самиот поим кажува – влијателност, тоа е нешто повеќе од само фотографирање, тоа е бренд и добар бизнис.

Лила и со бројките покажува дека таа навистина е бренд на овие простори. Еве за пример една објава и ја посетуваат или лајкуваат околу 4.000 корисници, а истата пристигнува до дури 92.800 корисници на социјалната мрежа Инстаграм, и прави по 135.7985 имресии. Кога ќе земеме во предвид дека Лила поставува по барем три објави на ден, бројките би изгледале вака: 12.000 лајкови дневно, 28.000 неделно и 12.000 на месечно ниво. Моментално нејзиниот профил има 136 илјади следачи, а бројот по објава во просек се зголемува за 130тина.

Самите бројки говорат се и потврдуваат зошто токму таа е божица на Инстаграмот и најуспешниот инфлуенсер во Македонија.