Доколку купувате половен автомобил проверете двапати – на овие автомобили најчесто им ја враќаат километражата

ИЗВОРСкопје24
|

Враќањето на километражата кај постарите автомобили стана пракса скор насекаде низ светот, па доколку купувате половен автомобил секогаш имајте го во предвид ова.

Возилото на кое што најмногу се враќа километражата во Велика Британија е популарнoто „Vauxhall Opel Combo“. На дури 13.15 отсто од тие возила утврдени се големи разлики во поминатите километри.

Следни на листата се:
„Ford Transit“ (12.99 отсто), „BMW X5“ (11.71 отсто), „Peugeot 206“ (11.38 отсто), „Ford Transit Connect“ (11.06 отсто), „Fiat Punto“ (10.44 отсто), „Mercedes-Benz Sprinter“ (10.37 отсто), „Renault Clio“ (9.34 отсто) и „Renault Megane“ (8.95 отсто).

Во Велика Британија враќањето на километражата на автомобилите засега е во т.н. сива зона. Забрането е да се продаваат половни автомобили за кои што се знае дека им е вратена километражата, но не е забрането и враќањето на самата километража.

Меѓутоа, во 2012-та година сепак биле осудени околу 100 граѓани поради таква ситуација.

Враќање на километража – што да се прави?

„Штом воочите дека половниот автомобил има поминато под 160.000 километри, а истиот не е произведен пред две или три години, тогаш треба да знаете дека газдата направил нешто“ – е еден од советите кој што може да се слушне од искусните купувачи и продавачи на половни автомобили.

За некои од марките автомобили постои т.н. ‘електронска историја’, па за само неколку секунди преку компјутер може да се провери дали понудениот автомобил е сервисиран во сосгласност со сервисот и колку приближно километри може да помине врз основа на годината на неговото производство. Тоа особено важи за автомобилите кои што се увезени од Германија.