Доколку не го пуштате телефонот од рака и постојано се фотографирате може да освоите многу пари: Apple организира наградна игра

ИЗВОРскопје24
|

Компанијата „Apple“ организирала наградна игра. Оваа компанија ќе награди 5 корисници на iPhone телефони. За да учествувате треба  да испратите фотографија направена со “Night mode“.

Фотографиите треба да се пријават на конкурсот најдоцна до 29-ти јануари, а можат да бидат и споделени на Твитер или Инстаграм, со следниве хаштази #ShotoniPhone и #NightmodeChallenge.

Тие што ќе учествуваат треба да напишат кој iPhone го користеле за да ја направат фотографијата,  а сликата може да ја испратат на меил за да се сочува квалитетот. Меѓутоа, постои еден услов. На натпреварот можат да учествуваат само фотографии кои се направени со iPhone 11, 11 Pro и 11 Pro Max.

„Night Mode“ е претставен во септември, 2019-та година, на iPhone 11, 11 Pro и 11 Pro Max. Тој овозможува подобар квалитет на фотографиите во услови со слабо осветлување, а оваа опција автоматски се вклучува.

„Веруваме дека уметниците треба да добијат надокнада за својата работа, па ќе им платиме на авторите на 5-те најдобри фотографии“, навеле Apple во соопштението, но износот кој ќе им биде платен не е наведен.

Фотографиите кои се испраќаат на натпреварот можат да бидат уредени во апликација за уредување на фотографии, а можат да бидат и оригинални, Apple не ги ограничува своите корисници во тој поглед.

Компанијата ангажирала врвни експерти за да ги изберат победниците. Победниците ќе бидат прогласени на 4-ти март.

Избраните фотографии ќе бидат објавени на официјалната страна на Apple и на нивниот официјален профил на Инстаграм, а можеби ќе бидат користени и во дигитални компании.

Повеќе за наградната игра може да прочитате овде .