Доколку некој ја видел нека пријави – Изгубена е Цветанка Ѓоргиевска од Крива Паланка

ИЗВОРСкопје24
|

На ден 02.04.2021 околу 14:00 часот, во околината на с. Конопница, Крива Паланка, исчезната е Цветанка Ѓоргиевска.

По неколкудневна неуспешна потрага, денес во координација со членови на семејството и МВР, вклучени се претставници и теренски моторни возила од Општина Крива Паланка, ЈКП Комуналец, ДЗС, ЦУК, ТППЕ Крива Паланка, ОО Црвен Крст, ОВР Крива Паланка, РЦ Север, поединци и граѓани. Во текот на денот во пребарувањето ќе се вклучи ДРОН технологија.

Се апелира сите кои имаат некаква информација да ја споделат правовремено. Особата има 78 години и била во добра витална состојба. Членовите на семејството апелираат, ако некој ја видел, или ќе ја види, да пријави до надлежните институции или јави на тел. 078485076 Тони.