Доколку сакате да патувате, но и да заштедите: Следниве 12 неверојатни земји се многу евтини

ИЗВОРСкопје24
|

Има уште многу време до летниот одмор, но дозволено ни е да мечтаеме! Секое патување во странство нуди нови впечатоци, знаења и искуства. Но, честопати не се осмелуваме да отпатуваме поради финансиските трошоци и помислата дека патувањето е скап луксуз. Доколку сакате да патувате, но и да заштедите, разгледајте ги следниве 12 неверојатни земји кои нудат одличен одмор без да ви го испразнат паричникот. Почнете да тргате по некој денар на страна уште од сега и подгответе се за незаборавен летен одмор!

1. Романија


Сместување: Од 6 евра па нагоре за хостел, од 11 евра па нагоре за хотел Храна: Од 3 евра па нагоре Транспорт: Од 0,34 евра па нагоре. Романија е местото каде што се среќаваат реалноста и бајките. Во Романија има премногу туристички атракции, живописна архитектура, неверојатни пејзажи и ниски цени. Цената на сместувањето варира во зависност од градот. Освен во хотел или хостел, можете да се сместите во мини бунгалов покрај море за цена од 8 евра па нагоре. Нема да потрошите повеќе од 3 до 5 евра доколку сакате да јадете во некое локално ресторанче и да ги пробате традиционалната мусака и чорба. Целодневна карта за подземна железница во Букурешт чини околу 1,1 евро.

2. Лаос


Сместување: Од 4 евра па нагоре во хостел, од 9 евра па нагоре во хотел Храна: Од 2 евра па нагоре Транспорт: Од 2 евра па нагоре. Оваа смарагдна земја е позната по нејзините егзотични предели. Лаос е одлично опција за луѓето кои сакаат да шетаат и да уживаат во живописни реки, планини и водопади. Ќе потрошите 9,5 евра доколку сакате да одите на 8-часовно патување со кајак до пештерите во Ван Венг. Лесно ќе најдете сместување во хостел или хотел. Менито е исто така многу поразлично: Компири и месо за 2 евра, палачинки за 1 евро, супа од шкампи за 3 евра, 1,5 кило банани за 0,5 евра и слично. Доколку не сакате да се возите со автобус, може да изнајмите мотор за 6 евра на ден или велосипед за 1,5 евро на ден.

3. Португалија


Сместување: Од 8 евра па нагоре за хостел, од 16 евра па нагоре за хотел. Храна: Од 4 евра па нагоре. Транспорт: Од 1,85 евра па нагоре. Сѐ е возможно во извонредната Португалија: Прошетки на прекрасните плажи, јавање на коњи во Мадеира, дегустација на вино во Алто Доуро, средби со китови во близина на Азорес и слично. Можете да се сместите во хостел, хотел или во куќа блиску до море. Најпопуларните јадења се риба на скара за 2 евра, бакалар со зеленчук за 3 до 4 евра и топли лепчиња со разни филови. Ако сакате да јадете во ресторанче, ќе ве чини околу 11 евра за двајца. Можете и да си зготвите вкусна вечера ако купите говедско за 7 евра, пилешко за 6 евра, шкампи за 9 до 11 евра, школки за 2,5 евра, кашкавал за 5 евра и овошје за 2 евра. Ако сакате да ги посетите музеите во Лисабон, барајте попуст во продавниците и не плаќајте за транспорт со тоа што ќе купите Lisboa Card.

4. Бугарија

Сместување: Од 7 евра па нагоре за хостел, од 15 евра па нагоре за хотел. Храна: Од 2 евра па нагоре. Транспорт: Од 0,51 евра па нагоре. Најверојатно сте биле во Бугарија досега, па знаете дека цените се навистина ниски. Сигурно сте ги посетиле познатите плажи како што се Златни песоци, Несебар и Сончев брег. Ако не сакате да се сместите во хотел или хостел, можете да изнајмите бунгалов за 12 евра. Вечерајте во ресторан за 4 евра, појадувајте во кафуле за 1,5 евра и одете на ручек за двајца за 10 евра. Ќе потрошите околу 12-14 евра за леб, сирење, компири, пилешко, овошје и вино ако си купите сѐ во супермаркет.

5. Перу

Сместување: Од 5 евра па нагоре за хостел, од 11 евра па нагоре за хотел. Храна: Од 2 евра па нагоре. Транспорт: Од 0,4 евра па нагоре. Првото нешто што ќе ни падне на памет кога ќе помислиме на Перу е Мачу Пикчу. Овој град на Инките е извонреден и сигурно ќе се воодушевите од легендарните езера, водопади, дождовни шуми и оази. Не заборавајте да ја пробате традиционалната кујна! Во локалните кафулиња можете да пробате пилешко со зеленчук за 2 евра, ручеците чинат од 3 до 5 евра и шведска маса за 8 евра. Ако купите леб, пилешки гради, јајца, овошје и сирење во продавница, ќе потрошите околу 10 евра. Карта за меѓуградските автобуси чини од 1 до 3 евра, а можете и да викнете такси за 4 до 8 евра.

6. Полска


Сместување: Од 7 евра па нагоре за хостел, од 17 евра па нагоре за хотел. Храна: Од 4 евра па нагоре. Транспорт: Од 0,8 евра па нагоре. Полска ќе ви ја понуди шансата да го истражите елегантниот главен град, да го видите замокот Малборк и да уживате во прекрасните ски центри. Полска крие пријатни изненадувања за ниски цени. Просечна соба во хотел за двајца чини околу 21 евра во Краков. Капучино или чаша пиво чини околу 1,6 евра. Може да јадете во кафуле за 4 до 6 евра. Добро е да земете пропусница за патување што ќе ви важи 1-2 дена преку веб-сајтот SkyCash.

7. Унгарија

Сместување: Од 7 евра па нагоре за хостел, од 10 евра па нагоре за хотел. Храна: Од 2,5 евра па нагоре. Транспорт: Од 1,14 евра па нагоре. Унгарија може да се спореди со многу прекрасни европски земји, но има една предност: Ниски цени. Може да се сместите во хостел или хотел или да живеете со „кауч сурфер“ бесплатно. Ќе можете да посетите многу од музеите во Будимпешта бесплатно и да ги видите древните замоци во близина на Дунав. Во ресторан може да потрошите од 2,5 до 6 евра. Може да купите еднодневна карта за јавен превоз за 5,3 евра за еден човек или за 10,6 евра за група луѓе.

8. Јужна Африка

Сместување: Од 3 евра па нагоре во куќа, од 9 евра па нагоре во хостел, од 20 евра па нагоре во хотел. Храна: Од 3 евра па нагоре. Транспорт: Од 1 евро па нагоре. Не постои сомнеж дека има што да се види во Јужна Африка: Кејптаун во близина на ’ртот Добра Надеж, пустината Калахари, најголемата ботаничка градина во светот, националните парк со лавови, жирафи и други животни, националниот парк со делфини и китови и многу други работи. Вечера во ресторан ќе ве чини околу 6 до 7 евра, а брзата храна чини 3-4 евра. Можете да купите млеко, леб, ориз, јајца, сирење, пилешко, портокали и вино за 15 до 20 евра. Ако не сакате да користите јавен превоз, може да викнете такси за 2 евра.

9. Филипини

Сместување: Од 4 евра па нагоре во хостел, од 9 евра па нагоре во хотел. Храна: Од 1,8 евра па нагоре. Транспорт: Од 0,3 евра па нагоре. Филипините се познати по неверојатната природа, топлата клима и белите плажи. Доколку не сакате да се сместите во хостел или хотел, можете да изнајмите куќа за 260 евра месечно. Соба на островот Боракај со Вај-Фај и клима ќе ве чини 12 евра. Во локалните кафулиња, појадокот и ручекот чинат од 1,8 до 3 евра. Туристите обично патуваат со велосипед или брод. Најевтиниот јавен превоз е со „џипни“, а може да се возите со подземна железница за 0,3 евра.

10. Албанија


Сместување: Од 5 евра па нагоре за хостел, од 10 евра па нагоре за хотел. Храна: Од 2 евра па нагоре. Транспорт: Од 1 евро па нагоре. Албанија е полна со волшебни места: Градот Ѓирокастро, езерото Скадар, Ксамил и слично. Доколку сте биле на одмор во Албанија, сигурно знаете дека многу лесно можете да најдете удобна соба во хотел, хостел или приватна куќа. Албанските цени на храната и алкохолот се едни од најниските во Европа. Уличната храна е исто така многу вкусна и чини околу 1,8 евра. Цените во рестораните се прилично ниски и се движат од 3,5 евра па нагоре. Некои од најпопуларните јадења се чомлек со месо и зеленчук, морска храна, десертот ошаф и вкусното кафе за цена од 0,5 до 1 евро. Можете да патувате со воз за 0,9 евра за 50 километри или со автобус за 0,9 евра за 30 километри.

11. Бали

Сместување: Од 3 евра па нагоре за хостел, од 8 евра па нагоре за хотел. Храна: Од 2 евра па нагоре. Транспорт: Од 0,36 евра па нагоре. Бали е место полно со волшепства: Паркови, палати, градини, храмови, водопади и неверојатни плажи. Можете да се сместите во хостел, хотел или бунгалов за 12 евра. Цените варираат во зависност од типот на кујната, бидејќи може да бирате помеѓу кинеска, европска и индонезиска. Појадокот чини 1,5-3 евра, а ручекот за двајца чини 4-8 евра во кафулиња. Цените на вегетаријанските оброци се движат од 1 евро па нагоре. Мора да ги пробате патката „бебек бетуту“ и ќебапот „лилит“. Овошје и производи по ниски цени може да се најдат во супермаркети што се наоѓаат подалеку од брегот. Доколку не сакате да користите јавен превоз, може да се возите со такси за 2,5 евра па нагоре.

12. Никарагва

Сместување: Од 4 евра па нагоре за хостел, од 10 евра па нагоре за хотел. Храна: Од 2 евра па нагоре. Транспорт: Од 1 евро па нагоре. Ако некогаш одите во Централна Америка, нема да зажалите доколку купите билет за Никарагва. Повеќе ќе ви се исплати да најдете надвор, бидејќи цените на оброците се движат од 2 до 8 евра, а можете да ручате и за 3 евра на плоштад во Гранада. Такси до друг град ќе ве чини најмалку 25 евра. Може да патувате и да уживате во пејзажот на Гранада, вулканот Момотомбо, парковите со орхидеи и егзотични птици, белите песочни плажи и да се шетате во националниот парк Босавас полн со диви мајмуни и други неверојатни изненадувања.

кафепауза.мк