Доктори и медицински сестри даваат отказ за да работат во странство: Причината се повисоките плати

ИЗВОРСкопје24
|

Доктори и медицински сестри и натаму работат со договори на определено време. Здравствените работници се уште чекаат договорите да им бидат трансформирани на неопределено – ветување што беше дадено од страна на здравствените власти уште пред 4 месеци. Од ресорното министерство се правдаат дека постапката била комплексна, но тврдат дека ветувањето ќе биде реализирано. Кога? Не прецизираат.

Откако летово медиумите објавија дека доктори во внатрешноста на земјава работат за плата од 15.000 денари и тоа со договори на определено време, министерот Филипче вети дека на сите вработени во јавното здравство договорите ќе им бидат трансформирани и сите ќе бидат исплатени согласно просечната плата.

И додека надлежните ветуваат, на терен статистиките покажуваат дека од почетокот на годинава околу 200 лекари ја напуштиле земјава, а 40тина медицински сестри само од скопските клиники си дале отказ за да работат во странство.

Медицинските сестри стануваат дефицитиран кадар во здравството,бидејќи заминуваат на работа во странство,а најмногу во Германија.

Здравствените власти пак тврдат дека во изминатите две години се дадени 5000 согласности за нови вработувања, а дека во секоја јавна здравствена установа бројот на вработени бил зголемен за најмалку 10 проценти.

Министерот за здpaвство Венко Филипче во повеќе наврати најави дека Владата ќе го исполни ветувањето и од идната година лекapите-специjaлисти ќе добиваат плата од 100.000 денари.

24.мк