Домаќинки, ова треба да го знаете: Задржете ја свежината на лебот подолго време

ИЗВОРСкопје24
|

Ако мислевте дека чувањето на лебот во фрижидер го продолжува рокот на траење, експертите не се согласуваат со тоа.

Имено, чувањето на лебот во фрижидер поттикнува промени во неговата текстура, бидејќи ја забрзува дехидратацијата.

Еве неколку совети кои ќе помогнат лебот што подолго да остане во свежа состојба.

– Откако ќе го купите лебот, добро замотајте го во пластична фолија и држете го во осава или шкавче во кујната, а не во фрижидер. Ако сте купиле од лебот со дебела и цврста кора, подобро чувајте го во хартија, цврсто затворен, на темно место.

– Ако сте купиле премногу леб, најдобро е веднаш да го пресечете вишокот и да го замрзнете. Пред замрзнувањето, лебот цврсто затворете го во пластика. Не го сечете на парчиња, бидејќи подолго ќе трае ако је замрзнат во едно парче. Одмрзнете го така што ќе го извадите од пластиката и ќе го оставите преку ноќ или неколку часа во фрижидер, па ставете го во рерна на 190 степени, 5-7 минути. Ќе биде мек кога ќе го извадите, но кога ќе се излади, ќе биде крцкав. Лебот можете да го чувате во замрзнувач и до три месеци.

– Тврдиот леб можете да го освежите така што ќе го испрскате со вода, па ќе го печете 5-10 минути во рерна. За тоа може да искористите и микробранова печка, но намалете ја минутажата.