Домаќинките одлучија: Трик со кој мрсните флеки од облеката исчезнуваат додека трепнете

ИЗВОРСкопје24
|

Без оглед на тоа што сте пробале, сигурно многу пати до сега флеките си останале на своето место. Во тие моменти наместо да се откажете и да ја фрлите облеката, испробајте го уште овој трик.

Ви треба само сјај за садови и оцет. Со оваа мешавина дури и флеките од вино и маснотии може да ги отстраните додека трепнете. Еве што треба да направите:

1. Помешајте сјај за садови со вода во однос 3:1. 2. Мешавината нанесете ја на флеката. 3. Втријте ја додека флеките не исчезнат. 4. Потоа парчето облека потопете го во оцет, па ставете го во машина за перење.

Не го фрлајте стариот душек: Еве како да го исчистите од флеки и непријатна миризба

Доколку на душекот имате флеки, ова е вистинското решение за вас. И најважно од се`ова средство можете да го направите од состојки кои сигурно ги имате дома.

– 250 мл 3% хидроген (се продава во аптеките) – 3 супени лажици сода бикарбона – капка течен сапун или средство за миење садови

Смесата потребно е да ја направите непосредно пред самиот процес на чистење: на тој начин е максимално ефикасна.

Измешајте хидроген и сода бикарбона. Кога содата ќе се раствори, додајте капка-две течен сапун, или средство за миење садови. Измешајте. Ставете ја течноста во празен распрскувач.

Испрскајте со средството на флеките.

Оставете ја пената да делува. Почекајте да се исуши. Потоа само исчеткајте со сува четка или користете правосмукалка за да ги соберете остатоците од содата.

Со ова средство можете да го исчистите и освежите целиот душек.