Домот ќе замириса од рано наутро: Мафини со фета и маслинки

ИЗВОРСкопје24
|

Направете вкусен појадок ова утро.

СОСТОЈКИ: 4 јајца 4 дл. јогурт 1 дл. масло 1 прашок за пециво 200 гр. пршута сечена 200 гр. фета 50 гр. сечени маслинки 2 ½ чаши брашно

ПОДГОТОВКА: Се рони фета сирењето и се додаваат јајца, па сечена пршута и прашок за пециво, сечени маслинки и масло, па полека се става јогурт. Се додава брашно додека силно се меша.

Се загрева рерната на 200 степени и се става тестото во калапи за мафини. Се печат додека не поруменат.